Велигденска порака на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден.

– Христовото воскресение е најголемиот и најрадосен настан во историјата. Тоа е Чудо над сите чуда, Дар над сите дарови и Благослов над сите благослови. Затоа да се верува во Христа, значи да се верува во воскресението.stefan

А силата на оние коишто веруваат, се надеваат и Го љубат Воскреснатиот Христос е во смирението, во целомудрието, во трпението, во послушанието, во страданието – во доблестите што го преобразуваат човека.

Возљубени празникољупци,

Во ова 2016-то лето Господово, нашата радост е поголема: одбележуваме 1100 години од блаженото упокојување на првоерархот на нашата древна Охридска столица, патронот на македонскиот народ и црква – свети Климент Охридски.

На овој најголем празник, на Велигден, да се помолиме, заедно со свети Климент и со сите македонски светии, и да испросиме од Господа сплотување и братска љубов меѓу нас. – Нема поблагословен ден од Велигден, па, од името на нашата света Македонската православна црква, повикуваме на единство и мир меѓу нашиот народ.

Само со искрена вера и меѓусебна љубов, ќе можеме да одговориме на сите предизвици. Па да се молиме, Бог да ги запре недоразбирањата, немирите и војните кај нас и во целиот свет, да ги врати раселените во своите домови, да ги закрили оние коишто страдаат, и насекаде и во секого да воскреснат и завладеат правдата и вистината…

Возљубени чеда во воскреснатиот Господ, во Македонија и насекаде по светот, молитвено посакуваме срцата на сите да ни се исполнат со искрено покајание и возвишена и постојана љубов, за вистински, како што доликува, да ја почувствуваме и празнуваме и годинашнава велигденска радост и сите денови во животот. Христос воскресе!, вели поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан во пораката по повод Велигден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1