Велија Рамковски ќе ја обнови А1, газди ќе бидат жртвите на прогонот и храбрите новинари


Велија Рамковски, сопственикот на првата приватна и најпопуларна телевизија А1, која беше насилно затворена, а тој и неговите најблиски соработници добија долгогодишни затворски казни, најавува дека ќе ја обнови телевизијата, бидејќи тоа го очекуваат гледачите, кои уште ја носат во срцата.

Во ексклузивното интервју за утрешен „Слободен печат“ (петок, 23 август), Рамковски открива дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него ги минаа македонските гулази Шутка и Идризово, како и храбрите новинари кои се бореа против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата, додека новинарите ќе имаат со статут загарантирана уредувачка автономија.

Рамковски денеска ја посети редакцијата на „Слободен печат“, каде што се сретна со менаџментот на Адриа Медиа Балкан, како и со дел од своите некогашни блиски соработници во печатените медиуми од Перо Наков бб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1