ВЕЛОСИПЕДИСТИ: Возете по пропис или бројте си ги еврата


Тоа што сообраќајната инфраструктура во градот има многу пропусти не ги спречува полицајците да изрекуваат казни

Сезоната за возење велосипед истовремено е и сезона за казнување велосипедисти. Според Лиза Бендевска, портпарол на скопската полиција, од март наваму казни од 25 евра се изрекуваат во просек на по десетина велосипедисти месечно.

2vel2_thumb_medium490_0Оваа глоба, според Законот за безбедност во сообраќајот, полицаец може да ја изрече ако на дело фати велосипедист што ги прекршува правилата во сообраќајот. Правилата ги прекршувате ако постои обележана велосипедска патека, а вие не се движите по неа, без разлика на тоа колку и да изгледа нелогично на некои места во Скопје. Според Законот, ако не постои патека, велосипедистите треба да се движат колку што е можно поблиску до десниот раб на коловозот. Ако се двајца или повеќе возачи, треба да возат во група еден по друг.

Ваква среќа кај нас не е дозволена

Казна ќе добиете и ако пред полицаец некако успеете на велосипед да развиете брзина над 25 километри на час. Деца до 14-годишна возраст не смеат на велосипед да превезуваат други лица. Ако, пак, се превезуваат предмети пошироки од еден метар или животни, носете си околу 900 денари или 15 евра бидејќи толкава е казната.

Интересно е што додека во западните земји, особено во Холандија, родителите масовно ги превезуваат децата на училиште во специјални приколки, тоа кај нас е забрането. Според Законот, „на приколка што ја влече или потиснува велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, како и во товарен сандак на велосипед, велосипед со мотор, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл и лесен четирицикл и четирицикл, не смеат да се превезуваат лица“. Казната за ова е 35 евра.

http://www.telegraf.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1