Венеција се соочува со најголемата поплава во последните 50 години.
Брановите синоќа достигнале 187 сантиметри, поплавувајќи скоро 90 проценти од градот и го активираше алармот за поплави.
Властите соопштија дека еден човек загинал, но не ја соопштија причината, а италијанските медиуми објавија дека човекот загинал од струен удар кога водата навлегла во неговиот дом.
Познатата базилика Свети Марко е поплавена, предизвикувајќи грижи за оштетувањето на мозаиците и другите уметнички дела.
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, ги обвини климатските промени за „драматичната состојба“.