Познатата модна дизајнерка на венчаници Вера Ванг се најде на удар на јавноста, бидејќи е откриено дека во нејзината работилница во Кина наплаќа по 3000 јуани (375 евра) само за проба на венчаниците. Таа дизајнирала венчаници за многу познати личности, од Викторија Бекам, Кејт Хадсон и Ким Кардашијан до Иванка Трамп и Челзи Клинтон, па е нормално нејзините креации да се популарни и многу барани.
Сепак, дизајнерката е на мета на критики и обвиненија за расизам откако се откри дека во нејзината продавница во центарот на Шангај, таа им наплаќа на кинеските невести по 375 евра само за да можат ги пробаат невестинските фустани, а притоа можат да останат облечени во нив најмногу 90 минути.
Но, и покрај ова, продавницата „Вера Ванг“, која се простира на 850 квадрати и е единствена во Кина со името на оваа креаторка, е преплавена од нарачки и невести кои резервираат посета и со месеци однапред, само за да би пробале некои од нејзините фустани.
Вера Ванг (63) работела 16 години како модна уредничка во американското издание на „Vogue“, а кога нејзиното место како главна и одговорна уредничка и го понудиле на Ани Винтур во 1988 година, таа го напуштила списанието и отишла да работи како модна креаторка кај Ралф Лорен.
Две години подоцна во 1990-та, таа ја отворила својата продавница за венчаници. Денес креира и други парчиња облека. Нејзините фустани, меѓу другите ги носат и Кира Најтли, Мишел Вилијамс и Рејчел Вајс.
Пејачката Аврил Лавињ носеше креација на Вера Ванг на нејзината венчавка
Во земјата во која годишно се венчаат 10 милиони парови, а свадбената индустрија е „тешка“ 10 милјарди евра, Ванг има и те како добра заработка, па затоа сумата за проба беше остро критикувана од кинеските медиуми.
Кинезите се посебно навредени од фактот што Вера е припадничка на првата генерација кинески Американци, бидејќи родителите и се родени во Шангај.
Дизајнерката одговорила дека хонорарот за пробување на венчаниците е воведен со цел да ги заштити своите фустани од валкање и оштетувања.
И Хилари Даф нозеше нејзина креација на нејзината венчавка
„Додека невестите во нејзините продавници низ светот се угостени и подмитувани со вино и ласкање, таа очекува невестите во Кина да ја подмитуваат неа“, пишува на блогот „Shangaiist.com“.
Ванг на последните две ревии за есен 2012/13 и пролет 2013 престави црни, односно црвени венчаници.
Погледнете како изгледаше ревијата на венчаници на Вера Ванг за пролет 2013.