Македонските репрезентации во сите спортови, по примерот на сите поголеми европски земји, ќе добијат своја навивачка група, односно навивачки клуб. Македонскиот центар за културен развој како дел од проектот „Здрав спорт за здраво општество“ формира навивачки клуб за сите репрезентации кој ќе го носи името „Верна Фаланга“.
Очекуваме во нередниот период „Верна Фаланга“ да ги обедини сите верни фанови во Македонија, вели Нелко Нелковски претседател на МЦКР.
„Верна Фаланга“ ќе се залага за почитување на спортскиот противник и за навивање без насилство, национализам, расизам и сите видови дискриминација. Секој граѓанин на Република Македонија може да биде член на овој навивачки клуб со тоа што ќе потпише пристапница. Годишната чланарина за навивачите од Македонија ќе биде 900 денари, додека за Македонците надвор нашата држава ќе биде 25 евра.
Секој член на „Верна Фаланга“ ќе добие електронска членска картичка и низа поволности при посета на спортски натпревари во земјава и во странство, како и бесплатни билети и билети со попуст, а ќе бидат дел од организирани патувања со македонските репрезентации.
Повеќе информации за „Верна Фаланга“ можете да најдете ТУКА