Верниците го слават Крстовден- ова задолжително треба да се направи


Денеска е Воздвижение на св.Крст – Крстовден (пост). Црквата и верниците на 27 септември го слават есенскиот Крстовден, ден кога е пронајден Чесниот крст. Крстовден се слави два пати во година денеска и на 18 јануари. На денешниот празник се празнуваат два настани, пронаоѓање на крстот и негово враќање од Персија во Ерусалим.krstovden33

На Крстовден важи правилото на строг пост, само на леб и вода, додека храната од животинско потекло е строго забранета. Интересно е дека на Крстовден е дозволено да се јаде грозје, додека друго овошје е забрането.

На Крстовден добро е работодавчите да ги исплатат своите работници. Овој обичај настанал во старите времиња бидејќи на денешен ден се исплаќани работниците кои ги чувале полињата од Ѓурѓовден до Крстовден.

Додека за другите празници обележани со црвено важи дека не треба да се работи, да се чисти и да се работат други работи, на Крстовден е спротивно. На денешен ден е добро да се среди куќата и така, условно кажано, да се подготви за зима.

Постојат обичаи на овој ден да се бере босилок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1