Верушевски: Пиштолот ми е од МВР и нема огнена моќ – а многу ми значи


На денешното судско рочиште поранешниот шеф на управата за контраразузнавање Зоран Верушевски изјави дека не го дава оружјето.

Зоран Верушевски, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој е обвинет за неовластено поседување оружје, во својата одбрана денеска пред судот рече дека тое е оружје на МВР кое нему никој не му го има побарано цели 30 години. Пиштолот марка „црвена застава“ му бил даден на реверс уште во 1981 година кога е примен да работи како приправник во службите за безбедност. Од тогаш до сега никој од него не побарал да го врати или пак да се раздолжи со пиштолот, кој грижно го чувал во својот семеен дом во скопската населба Аеродром.

zoran verusevski2

Два пиштола беа пронајдени при претрес на неговиот дом. Според адвокатот на Верушевски едниот му е подарок – награда на полициската служба, а МВР тврди дека тој не поседува дозвола за оружјето. Ве молам да ми го чувате тој пиштол кој многу ми значи. Не се откажувам од него, бидејќи многу ми значи – рече обвинетиот Верушевски.

Според него, моделот на оружјето од денешна перспектива нема ниту материјална вредност, ниту има огнена моќ.

Покрај овој случај Верушевски се терети и за случајот „Пуч“, во кој е првообвинет и заедно со Зоран Заев се теретат за шпионажа.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1