Разузнавачот Зоран Верушевски и порано поседувал материјали кои биле давани на грчки тајни служби. Ова во колумна за Нова Македонија го открива новинарката Мирка Велиновска, која пишува дека ова што сега се случува е реприза од 2001 и 2002 година, односно до запирка е исто со пакетот “бомби“ кои таа веќе ги имала видено и слушнато кај истиот тој Верушевски.
Велиновска пишува дека овој истиот Зоран Верушевски, кој кога медиумска ѕвезда беше син му Александар, реши да го спасува од затвор така што ќе ја уцени власта, односно државата со експлозивна тајна документација во неовластен посед.
-Ме повика кај него дома. Во домот во тој момент беа и жена му и помалиот син. Верушевски го отвори компјутерот и ми прикажа избор од снимки. Ми пушти и некои извадоци од разговори на мои колеги што ме работеле за потребите на грчки тајни служби и за тоа добивале хонорари и такви слични „бомби“, за што лично ги известив колку да си знаат што има човеков во посед, пишува Велиновска.
Според Велиновска, тој барал од неа да објави во „Фокус“ дека ќе прозборел ако не му го остават семејството на раат.
-Како сега помнам што му одговорив, а и јавно ќе го повторам. Му реков дека сега ми е јасно зошто неговиот син е таков каков што е. Му реков дека ќе го зијани и второто дете пред кое го водевме разговорот. Го прашав како воопшто може да спие со вакви гнасотилаци и му кажав дека не ми паѓа на памет да објавам што било од ова што ми го прикажува, а за помош и заштита да си се обрати каде што треба, пишува Велиновска.