Весна Змијанац ограбена од страна на блиски луѓе


Познатата пејачка запрепастена од нелојалноста на вработените.

Пејачката Весна Змијанац неодамна доживеа шок кога откри дека од куќата на Букуља и исчезнале работи во вредност од околу 10.000 евра. Фолкерката се запрепастила кога дознала дека ја ограбиле работниците на кои им плаќала да и го одржуваат домот на планината.vesna-zmijanac

Тие со месеци изнесувале работи од куќата на Весна и тоа малку по малку за да не се забележи. Изнесувале вазни, фустани со потпис на познати светски дизајнери, како и скапоцени чанти, чевли и накит.

Весна порано не обрнуваше внимание, но сега одлучи да ги открие крадците. Стави камери низ целата куќа. И кога виде дека ја ограбуваат токму тие што ги вработи за малку ќе паднеше во несвест. Не повика полиција, но на работниците веднаш им даде отказ, изјави извор близок до пејачката.

Весна Змијанац ја потврди приказната.

Некои работи ги барам дури после три месеци и сега гледам дека ги нема. Не можам уште да откријам што се ми е украдено, но со време ќе откријам, изјави таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1