Две деца претрпеле тешки повреди во американската држава Њујорк, кога силен ветер во воздух ја однел нивната куќичка на надувување, заедно со нив, подигнувајќи ја повеќе од 15 метри.
Момчињата на возраст од 5 и 6 години, пренесени се во болница. Помалото момче завршило со две скршени раце, додека поголемото со тешки повреди на главата.
Едно од нив директно удрило на асфалт, додека другото удрило во паркиран автомобил. Десетгодишно девојче, кое исто така било внатре, претрпело помали гребаници.
Иако, куќичката била добро прицврстена, ветерот бил пресилен и ја кренал во воздух.