Вевчанци бараат да се избрише албанскиот од патоказот за општината


Општина Вевчани писмено ја предупреди  Агенцијата за државни патишта да ја отстрани патоказната таблa која е поставена на патниот правец Струга-Дебар на која името Вевчани освен на македонски и англиски е напишано и на албански јазик, објави А1 он.

vevcani-

– Општина Вевчани реагираше веднаш до Агенција за државни патишта за поставените сообраќајни патокази на кои Вевчани е испишано и на албански.

Доколку не се корегирааат патоказните знаци согласно позитивните законски решенија на Република Македонија општина Вевчани со инспекциските служби согласно закон ќе преземе акција за отстранување на истите – изјави Ѓорѓи Влајнкиноски од кабинетот на Градоначалникот на општина Вевчани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1