Во близина на центарот на Струмица, кај старата автобуска станица, новата зграда, го привлекува вниманието на возилата и минувачите.
Под балконите , на секој од становите има по неколку новогодишни пакетчиња, во црвена, златна и зелена боја, завиткани во панделки.
Оваа идеја на сопстевникот на зградата ја поздравија и струмичани, кои велат дека ова е интересн начин како да се разубави градот.
Досега, велат струмичани, на никој вакво нешто не му текнало, но како идеја е убаво, и нема минувач, раскажуваат од таму, а да не погледне во новогодишната фасада.