Голем број корисници на комуникациската апликација Viber утрово се соочуваат со проблеми. Корисниците меѓу себе не можат да разменуваат пораки и фотографии.
Проблеми пријавуваат корисниците од целиот свет. Од компанијата Viber потврдуваат дека имаат технички проблеми но не откриваат детали.
Велат дека работат на нивно санирање и дека се надеваат дека мрежата наскоро повторно ќе биде достапна.