ВИДЕО: 11 девојчиња загинаа во пожарот во Адана


Дванаесет лица, меѓу кои и 11 девојчиња на возраст од 10 со 14 години, загинаа во пожар што избувнал во ученички интернат во турската провинција Адана. Повредени се уште 22 лица.pozar-5

Официјални претставници изјавија дека според првичните информации, причина за пожарот е дефект во електричната инсталација, а огнот брзо се проширил бидејќи внатрешноста на домот била од дрвен материјал.

Гувернерот на адана, Махмур Демитрас истакна дека тој дом има вкупно 34 ученици, а некои од повредите се случиле додека девојчињата се обидувале да побегнат преку прозорците.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1