Најмалку 44 затвореници загинаа кога сунитските екстремисти нападнаа една полициска станица североисточно од Багдад и се судрија со припадници на шиитската милиција, кои ја бранеле, соопшти ирачката полиција.
За убиството на затворениците постојат различни информации.
Тројца полицајци изјавиле дека станицата, која всушност е помал затвор, станала цел на напади на екстремистите од провинцијата Дијала вчера вечерта.
Напаѓачите се обиделе да ги ослободат затворениците, кои се сунитски екстремисти.
Полицајците велат дека припаднициите на шиитската полиција ги убиле затворениците.
Од мртовечницата во Бакуба изјави дека повеќето од убиените имаат прострелни рани во пределот на главата и градите.
Ирачката војска меѓутоа соопшти дека 52 затвореници загинале кога напаѓачите ја гранатирале станица.
На снимка која беше објавена на интернет се гледа како во егзекуцијата учествувале и осумгодишни деца.