Приватен авион со германски национални ознаки кој превезувал шест патници исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 10 километри од влезно-излезната писта.
Министерството за внатрешни работи информира дека случајот попладнево во 17.40 часот го пријавила Контролата на летање.