ВИДЕО: 59 икони „заплакаа“ во руски православен манастир


Можно е дека ни доаѓаат промени или сериозни искушенија и дека Господ на овој начин ја зајакнува верата кај луѓето, објаснува еден од монасите.

Монасите секојдневно собираат солзи од иконите во овој манастир на Руската православна црква сместена во Астраханската област.ikoni crkva

Прв пат на 22 јуни оваа година „заплакала“ иконата Св Царски Маченици. Иконата била облиена во солзи а потоа сите, една по друга, започнале “да плачат”.

-Можно е дека ни доаѓаат промени или сериозни искушенија, и дека Господ на овој начин ја зајакнува верата кај луѓето. Постојат и толкувања дека иконите започнуваат да плачат таму каде што луѓето веќе ја изгубиле верата во Бога, а потоа тој им испраќа вакви или слични знаци, смета монахот Митрофан.

Во овој момент во тој манастир солзи течат од вкупно 59 икони, а монасите ги собираат солзите од иконите и потоа ги испраќаат во Казањската црква. Се верува дека солзите имаат моќ да ги лекуваат верниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1