„Малку по малку, Aлбанците го зголемуваат степенот на горчина кој што ние можеме да го поднесеме“, рече Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, на конвенцијата во хотел Континентал, пренесува Бриф.
Па така, според неговите зборови, на местото министер за одбрана беше назначен прво Фатмир Бесими, како помека варијанта, за денес директно од редовите на УЧК, на местото министер да дојде поранешниот командант Талат Џафери.
На македонскиот народ му се случи зло, национален срам кој го дозволи парламентарното мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ, рече тој.