ВИДЕО: Бездомник добил премија на лото и ја поделил со бездомниците


Денис Махурин, бездомник од американската сојузна држава Мичиген, купил грепка и добил лото премија од 50.000 долари.

bezdomnikПарите кои што ги освоил се доволни да го напушти шаторот во населбата за бездомници во кој живее повеќе од 20 години, но тој одлучи да не го менува досегашниот живот, а парите да ги употреби за помош на своите сожители бездомници.

Кога ја добил добивката бил многу изненаден, но кога се свртел околу себе по импровизираната населба Блумингтон, во која живее од 1978 година, веднаш му дошла идеја како да потроши парите.

Сите кои го познаваат Махурин велат дека е добар и чесен човек. Американските медиуми забележаа дека во октомври минатата година, главната премија од 200.000 долари, ја доби бездомник од Јужна Каролина.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1