Тепачка меѓу бразилски и колумбијски навивачи избила вчера во ресторан во Бразил.
Снимката е објавена на ЈуТјуб, а бразилските медиуми пишуваат дека меѓу учесниците во тепачката бил колумбијскиот актер Маноло Кардона, актерката и манекенка Каролина Гуера и син на истакнат новинар, против локалните Бразилци.
Колумбијците по тепачката биле избркани од ресторанот.