ВИДЕО: Бугари исчезнале на Хималаите


Бугари се наоѓале во реонот на уништувачка снежна бура која ги зафати Хималаите во екот на активната алпинистичка сезона.

Се уште не е јасна судбината на нашите соседи кои според првичните податоци биле тројца. Најмалку 25 лица загинаа во невремето, 140 планинари биле спасени, а меѓу 70 и 85 лица се уште се во бегство. Стихијата буквално збришала камп на 4500 метри надморска височина.20141016.rubzcnkcwn

Спасувачката операција во регионот продолжува. Во акцијата требаше да се вклучат и хеликоптери, но тоа се покажа невозможно поради бурниот урагански ветер.

Патеката е една од најпопуларните меѓу алпинистите, а обично октомври е топол и сув месец, затоа е најпосакуван од повеќето планинари. Преживеани раскажуваат дека паднала лавина, но тие успеале да се скријат под голема карпа.

Четворица Канаѓани сепак не успеале да стигнат до неа и биле однесени од снежната маса. Планинскиот водич Евгениј Динчев го познава добро регионот. Бил таму 30-ина пати. Вели дека рутата не е тешка. Во Хималаите сепак, времето може да се смени изненадувачки. Барем тројца Бугари, познати на Динчев, биле на експедиција во реонот на трагедијата. Еден од нив е искусен планинар, кој го покорил Еверест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1