– Немам ниту еден жив роднина – кажал тој.
Репортер, кој со Еба го снимил интервјуто, бил импресиониран со неговото познавање на локалната историја, што за него бил доволен доказ оти тој навистина има неверојатни 160 години. Репортерот особено бил импресиониран со сеќавањата на старецот од времето кога Италија ја нападнала Етиопија во 1895 година.
– Кога Италија ја нападна Етиопија јас имав две сопруги и син доволно голем за да се грижи за добитокот – раскажал Еба.
Ако се докаже дека тој навистина има 160 години, ќе стана најстариот човек во историјата и ќе се симне Французинката Жан Калме од првата позиција.