Даниел Кајмаковски влегува во филмската индустрија.
Ќе го пее саундтракот на новиот филм кој се снима а носи наслов „Ќе бидеме светски прваци“, јавува Канал 5.
Станува збор за филм кој ќе треба да сведочи за успесите на екс ју кошаркарската екипа во 1970. година кога го освои светскиот трофеј.
На оваа тема Ѓорги Томиќ во вестите на Канал5 разговараше токму со Даниел Кајмаковски.
– Влегуваш во еден голем проект со многу познати македонски актери и амерканскиот актер Џон Севич, како е да си дел од оваа екипа?
-Ќе ми биде голема чест да учествувам во еден ваков голем проект и во една таква убава приказна, во која можеби ќе се појавам и како актер, изјави Кајмаковски.
– Кога може да очекуваме нова песна од тебе?
„Нова или прва официјална песна од мене можете да очекувате на „Скопскиот фестивал“ кој ќе биде одржан на 12. ноември“ – изјави Кајмаковски.