Ова прекрасно девојче кое поседува неверојатни гласовни способности е родено во Скопје и има само 11 години, нејзиното име е Канита Сума.
Канита е ученичка во VI-то одделение при основното училиште „Бајрам Шабани“ во Скопје и на училишните манифестации секогаш е дочекувана како вистинска ѕвезда. За нејзиниот талент масовно се дознава по аудицијата на „X-Factor Albania 2“ која се одржа во Тетово.
По многу преговори, продуцентите се одлучуваат да и дадат шанса на малата Канита да се покаже, но и покрај тоа што постојано се пласира на врвот во шоуто, продуцентите сепак не и дозволуваат да влезе во финалето поради возраста.
Со силна поддршка од фамилијата, Канита одлучува да продолжи со својата музичка кариера. Во голем избор за менаџер кој ќе ја води нејзината кариера, родителите ја избираат OnAir.FM Macedonia како менаџерска компанија која во иднина ќе се грижи за кариерата на нашата сограѓанка Канита Сума.
– Во моментов се довршува нејзината песна, наскоро ќе снимиме видео запис и сето тоа ќе и го прикажеме на јавноста, убедени сме дека неверојатните гласовни способности на Канита ги заслужуваат најдобрите песни“, вели Исни Калиши – менаџер на OnAir.FM Macedonia
Извор – Курир