Легендарниот српски кошаркар Владе Дивац беше гостин на натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс каде учествуваше во хуманитарна акција.
Поранешниот кошаркар на „езерџиите“ шутираше од половина терен за 90 илјади долари и погоди. Прв што му честиташе беше актерот Џек Николсон.