ВИДЕО- ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Маж, социјален случај се обиде да се самоубие


Во строгиот центар на Скопје возрасен маж попладнево се закануваше дека ќе си го одземе животот и ќе скокне од зградата позната како „Макошпед“ на улица Македонија. Човекот се качил на четвртиот кат од задниот влез на зградата без да го забележат градежните работници кои работат на реновирање на фасадата. Во мигот кога го забележалер се обидувале да го убедат да се повлече, но тој одбивал, пренесува А1Он.Screenshot_174

Станува збор за четириесет и двегодишен маж од Скопје, С.К. кој во алкохолизирана состојба се качил на скеле кое било прикачено на зградата над „Мекиците на стража“ и сакал да скокне. Инцидентот се случил околу 12:30 часот, а од намерата за скокање од зградата го одвратиле припадниците на Единицата за брза интервенција – АЛФИ.

Како што информира портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска С.К. (42) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол, се качил на скелето на зградата на четвртиот кат и се заканувал дека ќе скокне.

Како што велат очевидиците човекот се жалел на сиромаштијата,  викал „јас сум дете од дом, никој не ми дава социјална помош, пензија“.

-Рече дека е дете без родители и дека немал работа. Бараше да му се најде некаква работа или ќе се самоубие – вели граѓанин кој се нашол случајно на местото на настанот.

Повеќе инфо и Видео на – А10н.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1