Со свирежи, развеани македонски знамиња и пароли се слави победата на Македонија во дуелот против Италија. Низ улиците на Скопје речиси веднаш откако заврши натпреварот, скопјани излегоа со автомобилите за да го прослават пласманот на Македонија во финалето на Светското првенство.