Македонскиот евровизиски тим на чело со Калиопи веќе е во Шведска-Стокхолм каде веќе во полн ек течат подготовките за 61-то издание на Евровизија.
Нашиот тим веќе застана на сцената во „Ериксон глоуб“ арената, место каде ќе се случи големиот музички спектакл.
Македонија ќе се претстави во втората полуфинална вечер, а доколку влеземе во финале, Калиопи повторно ќе настапи и два дена подоцна, односно на 12-ти мај.
Во продолжение слушнете како звучи „Дона“ на првата проба: