Овој астероид бил откриен на 22 Февруари 2012 година од страна на Џејм Номен во наблјудувачкиот центар ЛаСагра, кој се наоѓа на планините на Андалусиа во Северна Шпанија. ОВДЕ може да ја слушнете неговата изјава дадена за радио емисија наменета на нашата планета.
Астероидот има дијаметар од 45 метри, а тежи околу 130 илјади тони.
Неговата орбита е округла, но сепак е доволно еклипсна за да помине во близина на Земјата. Орбитата овозможува да се донесе заклучок дека таа е слична на орбитата на Земјата, со период од 366 денови. На 16 Февруари овој астероид се наоѓал на оддалеченост од Земјата од 2.5 милиони километри.
Астероидот 2012 DA14 ќе помине и на помала оддалеченост и од некои сателити кои се наоѓаат во близина на Земјата. Ќе помине низ геосинхрониот сателитски прстен, кој се наоѓа на 35,800 километри над екваторот.
Се очекува астероидот да патува на јужното ноќно небо се до северното утриснко небо на 15 Февруари 2013 година, а потоа се очекува со неверојатна брзина да избледи неговата светлина.
Неговото појавување се очекува да биде видливо на небото над Европа и Азија.
Не постои никаков ризик од патот на овој мал астеорид, меѓута научниците велат дека гравитацијата на Земјата ќе го промени неговиот понатамошен пат, а со тоа може да се зголеми можноста за понатамошно влијание на овој астероид врз планетава. Тие велат дека постои 0.033 проценти ризик од било какво влијание врз Земјата кое би се појавило помеѓу 2026 и 2069 година.
Некои научници веруваат дека доколку ваков астероид ја погоди земјата, тогаш влијанието би било како да биле активирани 2.4 мегатони ТНТ. Но сепак овој астероид ќе ја одмине Земјата.