Видео/Фото: Направила венчален фустан од документи за развод


Британка направи венчален фустан од хартија, користејќи 1500 документи од бракоразводни парници.

demiМладата креаторка Деми Барнс својот модел го постави на Фејсбук и предизвика нејзината креација да стане  хит. Барнс откри дека неколку познати британски дизајнери и дизајнерски фирми веќе и понудиле да работи за нив и да креира модели.

Во изјава за британските медиуми таа рече дека сакала својот модел да и го прикаже на една своја роднина која живее во Италија и оти воопшто не сонувала дека необичниот фустан ќе и помогне да стане позната низ земјата.

-Ми се јавија многу познати дизајнери, со молба да им дозволам да го копираат фустанот што го креирав, како и идејата за материјалот, но јас само сакав да укажам дека многу девојки во Велика Британија пребрзо влетуваат во бракови што завршуваат со развод- вели Деми Барнс.

vencanica

divorce2sdfsdfsdf

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1