Видео/Фото: Првите американци биле канибалисти – јаделе живо човечко месо


Старите документи веќе упатувале на постоење на канибализам меѓу колонистите, но доказите за тоа се добиени дури со проучувањето на коските на 14-годишна девојка, кои неодамна се откриени на тоа историско наоѓалиште, во близина на Џејмстаун, во источноамериканската држава Вирџинија.

337605_kosti-12afpfoto-don-hurlbert_ffЖителите на Форт Џејмс, првата колонија на англиски доселеници во Америка, очигледно практикувале канибализам за да ја преживеат тешката зима во 1609 година.

zubi(2)Во текот на суровата зима во 1609 година, кога од глад починале речиси 80 отсто од колонистите, одредени членови на заедницата се обиделе и успеале да извлечат коскена срж, како и дел од ткивото на лицето и градите на починатата девојка, со цел да се прехранат, појаснија антрополозите на американскиот Природно-научен музеј во Вашингтон.

На черепот се пронајдени траги од удари зададени со остар предмет, како и траги на длабоки исеченици на нејзиното лице и врат, се наведува во извештајот на Даглас Оусли, антрополог-форензичар на институтот Смитсонијан, кој го анализирал скелетот на девојката.

337600_kosti-09reutersfoto-handout_ff– Начинот на постапувањето кон телото на девојката по нејзината смрт го покажува целиот очај и исклучително тешките околности со кои колонистите од Форт Џејмс се соочувале во текот на зимата во 1609 година, изјави американскиот научник.

Жителите на колонијата биле под опсада на Индијанците и немале доволно храна за да преживеат. Најпрво ги изеле сите животни во тврдината, а потоа дури и сите кожни предмети, кои можеле да ги пронајдат. Не е познато колку свои сонародници изеле.

Првата помош во храна ја добиле дури по неколку месеци, а од 300 првобитни доселеници, преживеале едвај 60.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1