Од домот на АРМ, каде што беше изборниот штаб на коалицијата, членовите и најтесното раководство со пароли и знамиња со боите на владеачката партија, се упатуваат кон плоштадот. Додека приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ победата ја прославуваа и низ скопските улици.
Денеска во Република Македонија се организираа слободни, фер и демократски избори, кои се пред се победа на сите граѓани и државата Македонија. Победи Македонија, победи ВМРО-ДПМНЕ, победија делата.
Победата е и над нашите претходни очекувања. Таа е поголема отколку самите претходно очекувавме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на прес-конференција во ИШ на партијата на која објави дека коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби огромна доверба од граѓаните и убедлива победа.
Фото Курир