Преубавиот парк на езерата во населбата Аеродром, отворен минатата година е загаден. централното, најголемо езерце е преполно со пена, жолтеникаво кафеави наслаги, а неизбежни се и краставите жаби.
Овие фотографии се направени вчера. Иако работници се обидуваа да го исчистат езерцето отстранувајќи ги наслагите очигледно е дека нешто не е во ред со водата во фонтаната во која лани дури и се капеа луѓе бидејќи водата беше кристално чиста.
Нема информации дали се работи за фекалии, жабокречина или водата е загадена од нешто трето. Eве ги фотографиите и видеото како изгледа езерцето.