(Видео) „Гази сѐ пред себе“ – багеристите против активистите кои протестираат на Водно


Еден од одговорните на проектот за раскопување на Водно со цел поставување на гасовод му наредил на багеристот кој го вршел копањето да помине низ луѓето кои со жив ѕид протестираат на местото.

По ова на местото каде се врши ископот настанал вербален конфликт помеѓу активистите и одговорните за проектот проследен со пцовки и навреди, сведочат за „Макфакс“ активистите кои протестираат на Водно, а истото може да се види и од видеата кои тие ги поставуваат на социјалните мрежи.


„Одговорниот на проектот му нареди на багеристот да нѐ помине, да нѐ прегази бидејќи застанавме на трасата. Тој почна со пцовки и навреди кон нас дека сме партиски определени, иди преку нив, му кажа на багеристот“, вели Кирил Мицковски активист од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ кој моментално се наоѓа на лице место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1