Кристофер Крамен имаше неверојатен ден во неделата откако дебитираше на официјален меч за Германија и тоа во финалето на СП.
Имено, поради повредата на Сами Кедира, Крамер доби шанса да настапи во финалето против Аргентина. Сепак, во првото полувреме доби удар од Езекил Гарај, па поради тоа не се сеќава ништо на првото полувреме.
-Не знам ништо за првото полувреме. Помислив дека сум излегол од игра веднаш по судирот. Немам идеја како дојдов до соблекувалната. За мене мечот почна во второто полувреме, вели Крамер.
Тој во 20-тата минута при ударот на Езекил Гарај заработил потрес на мозокот, но сепак лекарскиот тим го остави во игра се до 31-та минута кога Крамер сам падна, а на негово место во игра влезе Андре Шурле.