Торнадо широко една милја го погоди северен и централен Тексас, соопшти американската Национална метеоролошка служба додавајќи оти на одредени места паѓал град со големина на тениско топче.
Повеќе од 30.000 луѓе во Тексас останаа без електрична енергија поради бурата. Најлоша е ситуацијата во Остин, каде околу 7.600 лица се без струја.
Во бурата нема повредени луѓе иако бурата преврти камиони на патиштата, однесе покриви од куќите и ги поплави патиштата.