Репрезентацијата на Бразил во првиот натпревар од втората фаза одигра само 0:0 против Мексико, а херој на натпреварот беше мексиканскиот голман Гилермо Очоа.
Голманот со 6 прсти беше најголемата пречка за Бразилците кои пробаа на многу начини но никако не можеа да го совладаат.
Очоа кој четири пати на волшебен начин го спаси својот гол. Во првото полувреме ги одбрани ударите на Нејмар и Паулињо, а во второто на Нејмар и на Тиаго Силва.
Бразил беше поблиску до победата, но слично како и во првиот натпревар не импресионираше со својата игра. Дефанзивата која е најсилниот дел во тимот неколку пати делуваше несигурно, додека во редот за врска немаше довлно креација поради што Фред во нападот, а потоа и Жо беа целосно отсечени.