Голем пожар изби денеска во кампот за бегалци и мигранти на грчкиот остров Лезбос, поради што тој објект го напуштија повеќе од 4000 луѓе, соопштија од полицијата.
Никој од бегалците сместени во кампот не е повреден.
Полицијата наведе дека ја истражува можноста да некој од мештаните на островот го подметнал пожарот, во кој изгореа шатори и монтажни објекти.
На Лезбос има 5400 мигранти и бегалци. Тоа место беше главната дестинација за повеќе од милион луѓе кои на островот дојдоа од Турција од почетокот на 2015 година, потсети АП.