Стотина левичарски демонстранти денеска се обидоа да ги спречат луѓето да влезат на конференцијата на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) во Штутгард, а полицијата употреби бибер-спреј да ги растера демонстрантите.
Полицијата уапси 400 демонстранти.
И покрај протестите, конференцијата на АфД почна на време, а 1.000 полицајци ги опколиле неколку стотината демонстранти пред изложбениот центар, каде АфД има партиска конвенција.
Се очекува АфД. која бара забрана за носење бурка и изградба на минариња во Германија, на денешната конвенција да се прогласи за отворено антиисламска партија.
„Ова е првпат по нацистичка Германија цела една религиска заедница да е дискредитирана и да е под егзистенцијална закана“, изјави Ајман Мазјек, шеф на германскиот Централен муслимански совет, за германската телевизија НДР, пренесува Ројтерс.