Нина Краљиќ е годинешната претставничка на Хрватска за Евровозија.
Од објавувањето на песната „Lighthouse“ пејачката постојано ја следат проблеми. Најпрво композиторите од Хрватска направија вистински хаос поради тоа што авторите на песната која ќе ја претстави Хрватска не се домашни туку странски автори.
Потоа песната беше прогласена за плагијат, а сега на ред дојде и фустанот на Нина.
Имено одржана е прва проба на полуфиналето. Фустанот кој го носела Нина не наиде на најдобри реакции кај публиката.
Иако таа вели дека е тој дел од нејзиниот перформанс обожавателите имаа само лоши критики за нејзиниот евровизиски стил.