ВИДЕО: Идентификувано лицето што го кинеше македонското знаме


Благодарение на снимките кои со наредба од надлежниот Јавен обвинител беа прибавени од медиумите што ги следеа бруталните и насилни протести, Министерството успеа да идентификува 18 лица кои со бекатон плчки, метални шипки, шишиња и други предмети, повредија 38 полициски службеници.

Освен сниммките од медиуми, како што се наведува во соопштението на МВР, вандалското однесување е документирано и преку безбедносниот видеонадзор и во форма на кривична пријава и посебни извештаи доставено до надлежниот Јавен обвинител.zname

Во кривичната пријава поднесена до Јавниот обвинител точно е наведено дејствието на секое идентификувано лице, доставен фото албум од неговото учество во нападите врз полицијата, а доставени се и видео-снимки на кои што точно е забележано на која снимка, од кој медиум, на кој точно временски код.

Од 18-те осомничени против кои досега е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“, досега се обезбедени 16 лица, а по уште 2 се трага.

Денеска, беше поднесен посебен извештај до ОЈО Скопје со кој беа опфатени уште 5 лица: С.Љ.(30), Б.М.(53), Д.Б.(23) и М.Т.(28), како и едно малолетно лице на возраст од 16 години.

Еден од четворицата осомничени идентификуван е на снимките и како бесрамно го симнува македонското државно знаме од јарболот пред Владата на Република Македонија за што ќе му биде поднесена дополнителна кривична пријава по целокупното документирање на дејствието.

-На увид на јавноста ги ставаме дејствијата на лицата пријавени со денешниот извештај, а во наредниот период, заради шпекулациите во одредени медиуми Министесртвото ќе го стори тоа и со останатите, се наведува во сопопштението.

Меѓу досега пријавените лица има поединци кои евидираат во полициските датотеки со дестици пријави за насилства, разбојништва и други тешки кривични дела.

-Освен мерките на кривичен прогон, МВР досега поднесе и 26 прекршочни пријави по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир поврзани со насилните протести. На 5 мај, целокупната македонска јавност беше сведок на бројните снимки на кои македонската полиција беше брутално каменувана, удирана со шипки и шишиња. Целокупната македонска јавност беше сведок на снимките на запалени контејнери, скинати македонски знамиња, демолирани возила и простории на медиуми од страна на насилни демонстранти. МВР јавно го повикува Социјалдемократскиот сојуз, наместо да шири дезинформации и да подгрева атмосфера на насилства, да се огради од овие вандали и да и помогне на полицијата при идентификувањето на секој хулиган кој што се дрзна брутално да се изживува врз полициските службеници, се додадава во соопштението.

Преку соопштението МВР најостро ги демантира лагите објавени во некои медиуми за наводно приведување на 60 невини студенти. Досега се идентификувани 18 насилници и секое нивно дејствие е фотодокументирано. Наредниве денови Министеството ќе изготви детален материјал за дејствијата на секое од овие лица и доколку има интерес истото може да го презентира на меѓународните претставници.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1