ВИДЕО: Илјадници маршираа покрај ковчегот на Чавез


Венецуелскиот народ, во солзи и тага, излезе на улиците за да му оддаде последна почит на својот долгогодишен лидер кој синоќа ја изгуби борбата со ракот. Ковчегот со мртвото тело на Хуго Чавез, носено од војнците, ќе биде поставен во Воената Академија се до петок, кога ќе биде и погребан.
VENEZUELA-CHAVEZ-DEATH-FUNERAL-CORTEGEДенеска, Владата на Венецуела прогласи седумдневна жалост по претседателот кој 14 години ја водеше државата. За неговите поддржувачи тој беше реформаторскиот претседател чиј социјализам ја смени политичката елита во Венецуела и им даде надеж на најсиромашните.
Но, за неговите политички противници тој беше најлошиот тип на автократ, со намера да изгради еднопартиска држава и безмилосно одмаздување на секој кој му се спротивставува.
Нет прес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1