Силен ветер го изгасна пламенот на олимпискиот факел на неговиот пат кон Кремљ. Но, проблемот брзо беше решен.
На спортистот кој го носеше факелот му притрча еден член на обезбедувањето и со запалка го запали факелот, но камерите сето тоа го забележаа – момент кој ги посрамоти организаторите.
Според правилата, во случај факелот да се изгасне, треба да се почека друг кој би бил запален со помошн на сончева светлина на Олимп. Русите, сепак имаа друго решение.