ВИДЕО: Имаше само 19 килограми, но се случи чудо и ја победи смртта


Се сеќавате ли на Рејчел Фарок, чиј трогателен апел за помош за спас на нејзиниот живот го потресе светот? Таа доживеа неверојатна трансформација и моментално здравјето и е се подобро и подобро.

Во месец април Рејчел ги замоли сите што можат да донираат за спас на нејзиниот живот, во единствената болница која третира пациенти со нејзиниот проблем.anorexactre

Сосема исцрпена по 10 годишната борба со анорексијата, со вкупна тежина од 19 килограми, откако сите болници ја одбија со образложение дека е ризично да ја лекуваат, таа апелираше за помош за да собере доволно пари да се лекува во специјализирана клиника.

-Благодарам за се што сторивте. Сега имам шанса да живеам. Не само што го спасивте мојот живот, ги спасивте и животите на други луѓе.

Фарок вели дека за нејзиното лекување ќе биде потребно да помине подолго време, од 3 до 5 години.

-Тоа ќе биде долго опоравување, долг процес, многу подолг од што се надевав, но со ваша поддршка знам дека ќе успеам – вели храбрата жена.

Патот до спасувањето и враќањето на сопствениот живот 37 годишната Рејчел го поминува со својот сопруг Род Едмондсон (41), со чија помош сега се движи и кој остана покрај неа во најтешките моменти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1