ВИДЕО: Исповед на една мајка – Во телото на син ми живее дух!


Ендрју Лукас има само четири години, а сепак јасно се сеќава на смртта на американскиот маринец Вала Луис, кој бил убиен во терористичкиот напад во Бејрут на 23-ти октомври во 1983-та година.
Неговата мајка, Мишел Лукас, е шокирана од она што се случува на нејзиниот син, кој постојано зборува работи кои никако не би можел да ги слушне од некаде. Речиси секоја вечер пред спиење, тој ја прашувал мајка си зошто го оставила да умре во пожар, а таа истакнува дека е многу исплашена и посакала да дознае што се случува со Енди.
marinekid
Бидејќи момчето упорно во нападите на паника повторувало одредени работи, Мишел ги запишала. Така дошла до непозната адреса, а откако се распрашала повеќе за адресата, доживеала огромен шок.
Ова била адресата на која живеел војникот Вал Луис.
Кога му ја покажале на Енди фотографијата од маринците кои пред 31 година заедно со Вал загинале во Бејрут, малото момче замолчело и рекло „ова се мои пријатели“.
Мајката одлучила да го одведе на местото на кое бил погребан маринецот, за да види дали на некој начин тоа ќе ја смири оваа мистериозна ситуација.
-Енди му пријде на гробот, сосема мирен. Пријде и остави цвеќе. Потоа истрча до еден гроб во близина и рече „Ова е мојот пријател“. Тоа бил гробот на еден маринец, вели мајка му.
Мајката на Енди се уште нема одговор на прашањето што се случува со него.
Оваа мистериозна приказна го шокираше светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1