Господинот Музафер, жител на село Ласкарци прв пристигнал на местото на трагичната несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово.
Тој му помогнал на повредениот возач на автобусот и го одвел во болницата “8 Септември”, а за ТВ21 изјавил дека глетката била страшна.
„Тоа беше страшна трагедија, насекаде имаше лешеви”, раскажал Музафер низ солзи.
Тој го одвел возачот и уште шест лица во болница, а како што и самиот вели “не гледал дали станува збор за Македонец или Албанец, гледал само да им помогне”.
Во автобуската несреќа, животот го загубија 14 патници, а седуммина се борат за живот.