Со помош на 3D технологијата, научниците го “оживеале” градот Атлантида од вистинскиот живот, кој исчезнал во водите во Египет пред 1.200 години.
Меѓународниот тим на научници ги открил остатоците и од легендарниот храм Амун Гереб, во кој на Клеопатра и била предадена власта над Египет.
Камените блокови со текстови напишани на грчки и старогрчки јазик и повеќе од десетина саркофази во кои што веројатно се наоѓаат мумифицирани животни кои што биле принесувани како жртви за храмот, исто така се дел од откриеното богатство.
Градот Ираклион, бил еден од најзначајните трговски центри во Средоземјето, пред да исчезне во денешниот Абукирски залив, беше откриен во 2001 година, а по повеќе од десет години ископување, научниците направија 3Д мапа, која го отсликува животот во древниот трговски центар.
Со векови се сметаше дека Ираклион е митски град, токму како и Атлантида, се до пред 12 години, кога подводниот археолог Д-р Френк Годио, ги пребаруваше египетското крајбрежје во потрага по француски воени бродови, кои учествувале во поморската битка кај Абукир, и во таа прилика случајно наиде на исчезнатиот град.
Археолозите пронашле остатоци од повеќе од 64 бродови, закопани на дното на морето, околу 6,5 километри од брегот на Египет.
Тоа е воедно и најголемиот број на древни бродови некогаш откриени на едно место. Покрај тоа, најдени се и 700 сидра, златници и тегови од бронза и камен, кои што веројатно биле користени во трговијата.
Научниот тим допрва треба да утврди што го предизвикало потонувањето на градот, но според главната хипотеза, причината била нестабилноста на темелите на Ираклион на кои бил изграден градот.
Нивото на морето пораснало и сето тоа заедно веројатно довело до тоа градот да потоне 3,5 метри.