Трој Дикерсон ја снимал својата сопруга Кристин на 28 јуни кога тргнале во болница на породување. Но кога стигнале, бебето не сакало уште малку да почека! Таа се фатила за вратата од автомобилот и го родила бебето стоејќи.
Во видеото, кое стана вистински хит на општествените мрежи, се гледа како парот се вози по автопатот, а Кристин со офкање и врескање го моли својот сопруг да застане некаде поблизу зашто мисли дека не може да издржи до болницата. Трој се трудел со сите сили да ја смири додека не стигнат до болницата, но кога зачекорила од колата, Кристин рекла дека ја чувствува главата на бебето како излегува. Во тој момент Трој ја зграпчил торбата од колата и ги повикувал вработените на помош.
Момчето, на кое му го дале името Трует, се роди на 28 јуни во 2 часот наутро, а дури 10 бабици излетале од болницата за да ѝ помогнат на Кристин.
„Воодушевена сум што имам сè снимено. Иако сметам дека ова е мошне интимен момент за да го поделам со целиот свет, сметам дека е добро луѓето да видат што се способни да направат нашите тела“ рече Кристин.