ВИДЕО: Ќе се изненадите- од што се прави помфритот во Мекдоналдс


Верувале или не, во помфритот на „Мекдоналдс“ има цели 17 состојки. Основното прашање е дали има компир во помфритот?

Во две нови видеа, оваа недела, гигантот во сферата на брза храна, ја крена завесата за начинот на кој го прави помфритот и за состојките во него, за да ги отфрли митовите околу еден од најпопуларните производи.mek donalds

Видеата се со учество на поранешната ѕвезда од „Ловци на митови“, Грант Имахара и се дел од обидите на „Мекдоналдс“ да одговори на прашањата за квалитетот на храната и транспарентноста.

Излегува дека во помфритот навистина има компири. Што се однесува до бројот 17, во однос на состојките, тоа е мит. Нивниот број е 19.

Покрај различните видови на масти, листата вклучува уште неколку хемикалии кои имаат различни функции. Една од нив додава вкус, друга прави маснотијата во која се пржи, да не прска, трета спречува компирот да добие кафеава боја. Меѓу овие состојки има и конзерванси, објаснува Имахара.mcdonalds-

Видеото ни ја покажува и компанијата „Simplot“, која го снабдува со компири на „Мекдоналдс“s во САД, каде службеничка го покажува производствениот процес. Целите компири се придвижуваат на подвижна лента, пред да бидат исфрлени во цевка под висок притисок со брзина помеѓу 100 и 110 км/ч, каде поминуваат низ рендиња, за да ја добијат нивната позната форма.

Потоа тие минуваат дополнителна обработка за контрола на бојата, преку декстроза и за спречување на нивно посивување по замрзнувањето, што се прави со посредство на натриум пирофосфат. По овој процес компирчиња  делумно се пржат, со цел добивање на нивната крцкава површина, по што се замрзнуваат. Крајната подготовка пред консумацијата, се прави во рестораните на „Мекдоналдс“.

На крајот,според компанијата, се покажа дека во компирчиња на „Мекдоналдс“ има компири … и 18 други состојки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1